Македонија
24. September 2025 - 12:16

Мицкоски: Растот на платите покажа дека тезата на СДСМ не држи вода

Растот на просечната плата од 10,5%, колку што објави Државната статистика, ги побива тезите на опозициската СДСМ дека платите не растеле, смета премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека податоците од ДЗС се доказ дека за една година, колку што оваа Влада раководи со државата, растат.