Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид

Означен е почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Градежните работи кои, како што беше најавено, ќе му дадат целосно нов лик на аеродрмот, е предвидено да завршат до крајот на мај.
Проектот ќе обезбеди 4 500 метри квадратни функционален простор, поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот и полицијата и цариснката управа.
Премиерот Христијан Мицкоски го квалификува овој момент како исторски за Охрид и охриското крајбрежје, но и за сите околни општини.
-Со оваа реконструкција се зголемуваат капацитетот и квалитетот на аеродромот. Се надевам дека во предвидениот рок се ќе биде завршено. Во првите два месеца од годинава на скоспкиот аеродром има 30 отсто зголемување на бројот на патници, а на охридскиот за околу 20 отсто. Годинава очекуваме двоцифрен раст на патници на двата аеродрома. Разговараме со голем број тур-оператори кои организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје, а со еден сме пред склучување договор, кој надвор од сезоната ќе донесе околу половина милион ноќевања, истана Мицоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изрази надеж дека отворањето на реконструираниот дел ќе биде во јули.
-Почнува сериозна реконструкција, надградба и проширување на охрдискиот аеродром. Ова се случува првпат откако аеродромот е изграден. Проектот треба да донесе 4 500 метри квадратни функционален простор, што е околу 2 500 повеќе од постојниот. Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, нивно попријатно чувство кога ќе слетуваат и полетуваат од охридскиот аеродром, ќе значи и многу повеќе можност за туризам, за бизнис и поврзаност. Инвестицијата е во повеќе фази, едната е оваа што се гледа, но има и други, споредни. Се надевам дека во јули ќе можеме да ве поканиме тука, на свечено отворање и да имаме комплетно нова приказна со која заеднички ќе бдиеме горди, напомена Николоски.
Според генералениот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, во текот на градежните активности, функционалното работење на аеродромот ќе продолжи. Тие се така планирани, за да се обезбеди безбедна и непрекината услуга на патниците.
-Охрид е срцето на македонскиот туризам. Верувам дека може да блесне уште посветло, пречекувајќи што повеќе гости. ТАВ инвестира 2,7 милиони евра во неколку клучни подобрувања на аеродромот: проширување на оперативниот капацитет на патничкиот терминал и на капацитетот на шалтерите за регистрација на багаж и патници, проширување на зоната за безбедносна контрола, ќе се прошири административната зграда, нов ресторан, нови канеларии за Граничната полиција и Царинската управа и паркинг за вработените, рече Курт.
МИА
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
