Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство и ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.
Мицкоски, кој денеска се обрати од Брисел, рече дека неговото обраќање требало да биде посветено на сосема друга тема, односно на состаноците и разговорите за борбата за интересите на Македонија во Белгија.
- За жал, до мене стигна ужасната вест која ги потресе Охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка. Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое се случува - изјави Мицкоски, соопшти владината прес-служба.
Тој нагласи дека како човек и родител сака да изрази поддршка до семејството на девојката, посочувајќи дека Владата ќе преземе сè што е во нејзина надлежност за сторителот да одговара пред правдата.
-Како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата лицето кое го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата - порача премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
