Мицкоски: Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата, од Владата нема најава за укинување на Вториот пензиски столб

Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тоа, е потсети, редовна процедура на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиничката болница во Битола, Мицкоски рече дека очекува наскоро да биде објавен податокот за инфлацијата во јули.
- Но, врз основа на податоците што ги добивам од Државниот пазарен инспекторат, очекувам сосема поинакви приоритети, нагласи Мицкоски.
Во врска со наводните најави за укинување на Вториот пензиски столб, Мицкоски рече дека таква најава од името на Владата нема.
- Кој најавил дека ќе има укинување на вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема, истакна премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
