Македонија
28. February 2026 - 14:20

Мицкоски во посета на Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота

По повод празникот Тодорова сабота премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Свети Николе.

На неговиот фејсбук-профил Мицкоски објави дека бил во традиционална посета на Свети Николе по повод овој ден кој, како што вели, секогаш носи посебна атмосфера, исполнета со вера, традиција и заедништво.

- Тодорова сабота е длабоко вкоренета во нашата култура и претставува симбол на почит кон обичаите што се пренесуваат од генерација на генерација, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

МИА