Мицкоски за протестот на ССМ: Секој има право да протестира, минималната плата законски ќе се зголеми во март

Секој има право да протестира - рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за покачување на минималната плата на 600 евра. Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март.
-Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени. Ние рековме дека ќе го поддржиме секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог - рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при работната посета на Гази Баба.
Сојузот на синдикатите на Македонија за утре најави протест на кој ќе бара минимална плата од 600 евра, зголемување на сите други плати за сто евра и достоинствен живот на работниците.
МИА
Ново на Сител
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
