Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
Заменик министерот за образование Лулзим Алиу поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Одлуката писмено веќе му ја соопштил на премиерот. Иако причините за повлекувањето не ги соопштува, Алиу вели дека ќе се посвети на неговата примарна работа како професор...
- Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истражувачко-научна работа, како и посветеност кон семејството, пишува Алиу во писмото.
Алиу не е достапен за информација повеќе, ниту дали оставката ќе значи и заминување од партијата и вооопшто од политичката сцена. Како кадар на Алтернатива и коалицијата Вреди, функцијата ја извршуваше повеќе од година и половина. На оваа позиција беше и од 2022 до 2023-та кога министер беше Јетон Шаќири во владата на СДСМ.
За укажаната доверба им се заблагодари и на премиерот и на неговите сопартијци.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
