Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
Со зголемен број на болни од грип утре почнува второто полугодие. Додека учениците беа на распуст во болниците и клиниките имаше благ пад на прегледи на пациенти на училишна возраст. Според последниот извештај на ИЈЗ со грип се пријавени околу 600 млади до 14 години. За да не дојде до алармантно ширење на вирусот педијатрите советуваат децата со респираторни симптоми да останат дома.
- Нашата препорака е сега кога децата ќе се вратат во училишните клупи, доколку родителите приметат било каквои влошување на здравствената состојба, течење на ностот, кашлица, кивавица, покачена телесна температура... тие деца да се изолираат во домашни услови, да се дава голема количина на течности, витамини, електролити, антипиретици за намалување на температурата и да бидат на домашен третман 48-72 часа пред да се јават кај својот матичен лекар. Доколку настанат компликации нормално да се јават во дежурните пунктови или во нашата унституција ако има потреба, изјави д-р Филип Доксимовски, специјалист педијатар во Клиниката за респираторни заболувања кај децата “Козле”.
Деновиве во Клиниката “Козле” за едноденоноќие бележат и до 250 прегледи на болни деца повеќето биле на предшколска возраст и доенчиња. Поради компликации на болничко лекување во моментот имаат 80 пациенти, а десетина имаат и потрееба од кислородна подршка.
- Широки се симптомите на грипот, всушност најголем дела се респираторни, може да направи долнореспираторен инфект, но можат да се јават и невролошки симптоми кои ги бележиме оваа година кај инфлуенцата, рече д-р Доксимовски.
Минатата недела на Инфективната клиника починаа две повозрасни лица од компликации од грип.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
