Мицкоски: Законот за високото образование не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднината на земјата

Предлог-законот за високо образование не се креираше зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади кои сега не препознаваат квалитет во домашното високо образование.
Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата по повод пакетот закони за високо образование и за наука кои се во владина процедура.
На прес-конференцијата заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, во присуство на ректорите од седумте јавни универзитети, тој нагласи дека треба да се престане со експерименти туку со системски решенија затоа што, рече, образованието е фундамент на секое општество.
-Долго време виското образование трпи големи штети, зашто во 2018 се донесе законско решение уште полошо од претходното, со намалени прагови за напредување во звања, намалена продукција на научни трудови и намален квалитет. Во изминатите години немаше ниту една сериозна евалуација, ниту беа предложени решенија. Како Влада не можеме да дозволиме уште една изгубена деценија. Денес имаме воспоставен вистински партнерски однос со академската заедница и заедно со нив правиме нов закон, рече Мицкоски.
Нагласи дека законот за високо образование одговара на реалните предизвици, а во фокусот се младите и тие да се задржат дома и тука да ја градат иднината и кариерата. Меѓу новините, рече, е тоа што првпат најдобрите студенти ќе имаат предност при вработување на државните универзитети, се воведува и нов модел на финансирање на високообразовните установи.
Мицкоски соопшти дека 7,5 милијарди денари е буџетот на универзитетите и дека е значително поголем од минатата година, додавакјќи дека тој тренд ќе продолжи.
Додаде дека фокусот ќе биде и на науката, поддршка на научни трудови, за нашите универзитети, како што рече, повторно да бидат препознаени како центри на квалитет и иновации.
Министерката Јаневска ги соопшти предностите на новиот закон и посочи дека во неговото креирање се слушнати мислењата на дебатите организирани на сите универзитети и оти се вградени сите конструктивни и аргументирани забелешки.
МИА
Ново на Сител
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
