Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?

Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД пред таа да го каже во јавност оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
Јас не верувам во тоа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги написите во медиумите во коишто се наведува дека Грција реагирала бидејќи сопругата на претседателот на САД Меланија Трамп го употребила името Македонија на настанот во Вашингтон на кој присуствуваше сопругата на премиерот Рози.
-Јас го прочитав тој натпис во медиумите кај нашиот јужен сосед. Претпоставувам дека дипломатски е изворот. Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД пред таа да го каже во јавност оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Односно ако тоа се случило тогаш САД имаат сериозен проблем во безбедносниот протокол. А тоа што претпоставувам дипломатите од некоја амбасада сакаат да бидат интересни можеби за медиумите, па, тоа го претставуваат како не знам каков дипломатски успех или нешто слично тоа е друга тема, но верувајте од моето искуство, да не речам невозможно е некој надворешен да дојде до говор на првата дама на САД пред таа да го соопшти на јавноста. Тие што ова го осмислиле мислам дека направиле безуспешна играна серија, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Законот за Советот на јавни обвинители го помина првото читање во матичната комисија
-

Нова програма на СДСМ: Скратена работна недела, повисоки пензии, нула корупција
-

Министерот за здравство не открива кои доктори незаконски заработувале над 10.000 евра месечно
-

Расте бројот на пациенти со меланом - најзагрозени на истокот од државата
-

Потврда на идентитетот, повисоки плати и пензии и даночни олеснувања – СДСМ ја промовираше програмата
-

Стартува собраниската расправа за законот за Совет на јавни обвинители
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ домаќин на настан на студентската организација на Европската народна партија
-

Домот за стари лица во Кочани станува реалност
