Мицотакис: Грција ги доби сите средства што ѝ следуваа од европскиот Фонд за закрепнување, вкупно 35,95 милијарди евра

Европската комисија даде зелено светло за последните грчки барања за исплата на средства од Фондот за закрепнување, во висина од 11,32 милијарди евра, потврдувајќи дека сме ги исполниле сите 376 обврски и цели предвидени со нашиот национален план. Со исплатата на последните транши, земјата ќе има добиено 100 отсто од средствата што ѝ следуваат, односно 35,95 милијарди евра, без да изгуби ниту едно евро, напиша на Фејсбук грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатите пет години Грција ги исполнила сите услови за целосно искористување на средствата што ѝ следуваат од Фондот за закрепнување и отпорност, во вкупен износ од 35,95 милијарди евра. Според Министерството за национална економија и финансии, биле реализирани 176 реформи и инвестиции и 376 реформски обврски и цели.
Мицотакис коментираше дека станува збор за голем успех, имајќи предвид дека „Грција требаше да управува со најголемата програма во ЕУ, во однос на бројот на жители и големината на БДП“.
Додаде дека на самиот почеток главното прашање било дали ќе успеат да ги реализираат сите преземени обврски, но и какви промени ќе можат да направат за толку кратко време.
– Да видиме каде сме денес. Во дигиталните услуги што државата им ги обезбедува на граѓаните во земјата, го надминавме европскиот просек. Од нето-увозник на електрична енергија, Грција стана нето-извозник, со значителен придонес на инвестициите во обновливи извори на енергија. Го ограничивме даночното затајување и значително го намаливме јазот во ДДВ. Процесот на изработка на катастарот го доведовме до завршна фаза, со децении нерешено прашање. Невработеноста се намали на историски ниско ниво, а јавните и приватните инвестиции, од околу 11 отсто од БДП во 2019 година, се проценува дека годинава ќе достигнат речиси 19 проценти, значително намалувајќи го заостанувањето зад европскиот просек, напиша грчкиот премиер.
МИА
Ново на Сител
-

Започна предврeмениот откуп на тутун, се откупува само во прва по цена од 435 денари за килограм
-

Преглед на вестите од светот
-

Кристијан Корабоски без притвор
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, СДСМ
-

Обвинителството бара притвор за охриѓанецот
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
