Македонија
26. December 2022 - 16:43

Мијалков донесен на судењето за Титаник 2

Специјалното јавно обвинителство не ја испорача очекуваната правда.. Поранешниот обвинител од тимот на Катица Јанева, а денеска прв човек на скопското обвинителство,  смета дека СЈО не ја реализирало својата мисија.. Гаврил Бубевски вели, предметите се без судска разрешница, а дел застаруваат.. Го дели незадоволството на граѓаните, но вели дека постапките не зависеле само од работата на обвинителството..

„Чувството е исто како на сите граѓани во државата. Правдата што требаше да ја овозможи СЈО очигледно не ја даде, барем од гледна точка на некои предмети кои сè уште немаат свој завршеток иако, сепак, ние сме една страна во постапка и обвинетите заедно со бранителите се друга страна во постапката, а на крајот судот е оној што пресудува во предметите. Очигледно тие се повеќе сегменти кои влијаат и на одложување на постапката и на чувството дали во одредени предмети правдата е задоволена“, изјави Гаврил Бубевски, Јавен обвинител.

Титаник 2 е еден од предметите на кој му се заканува застарување, а е потпишан од БУбебски.. Остануваат уште четири месеци во кои Мијалков може да биде осуден за противзаконито влијание..  На без разрешница на кој е потпишан Бубевски, а случајот , откако апелација го врати случајот на повторно судење.. случај кој е на повторено судење пна СЈО кои се уште немаат разрешница  откако Бубевски кој се потпишува на обвинението за предметот „Титаник 2“, потврди дека во април идната година застарува делото за Мијалков, ама очекува судовите да го завршат предметот.. Во меѓувреме, минатото рочиште се одложи бидејќи кривичниот суд го погрешил датумот за судење, па екс началникот на УБК не беше донесен од затворот во Струга.. Мијалков денеска влезе во судот, ама немаше одговори на новинарските прашања.. Денеска во друштво на затвроска полиција, Мијалков   Тонско

„Предметот застарува за четири месеци само во однос на обвинетиот Сашо Мијалков затоа што дејствијата за кои се товари се до пет години затвор (апсолутна застареност настапува за 10 години). Во однос на другите обвинети предметот останува во процедура затоа што роковите за застареност се многу поголеми. Меѓутоа, очигледно гледате дека судот прави напори сето ова да заврши во најбрз можен рок. Јас се надевам дека и Апелација во предвидениот рок до моментот кога настапува апсолутна застареност ќе има своја одлука. И Основниот суд и Апелација“, вели Бубебски.

„Титаник 2“ се суди по вторпат откако апелација ја укина пресудата.. На останатите обвинети, денеска им се придружи и Мијалков кој на минатото рочиште заради грешка на судот, не беше донесен од затворот во Струга..