Мијалков: Немам вина за случајот Плацеви на Водно
Чиста невистина е дека Никола Груевски ми барал помош да купи или прикрие имот, тврдеше денеска во судница поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Вели дека на чиста правдина, на товар му се ставало дека посредувал во отуѓување плацеви на водно кои според обвинението, екс премиерот ги купил со пари од партијата. Тој се сомнева дека останатите обвинети на минатото рочиште ја говореле вистината.
„Јас како обвинет, можам да кажам се во моја одбрана, исто како и останатите обвинети на минатото рочиште, а баш и не зборуваа вистина. Затоа, треба да дадете верба на материјалните докази“, му порача на судот обвинетиот Мијалков.
Според одбраната, обвинителството не докажало дека Мијалков бил вмешан во случајот.
„Апсолутно никој од сведоците не го спомна, напротив, сите искази на сведоците одеа во прилог на неговата одбрана“, изјави Ѕвонко Давидовиќ, Адвокат.
Останатите обвинети во случајот, на минатото судење рекоа дека Груевски стоел зад целата организација за купување плацеви на водно, а на крај ги заменил за три стана со површина од над 700 метри квадратни.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
