Милвоки го отпушти Лилард

Екипата на Милвоки Бакс го отпушти Демијан Лилард. Одлуката е изненадувачка бидејќи клубот ќе мора да му исплати 113 милиони долари, како дел од двегодишниот договор. Сепак Милвоки оваа сума ќе треба да ја исплати во период од пет години.
Како причина за прекинот на договорот е и повредата (скината Ахилова тетива) на Лилард за време на годинашниов плеј оф и најверојатно ќе треба да ја пропушти целата следна сезона.
Управата на Милвоки на ваков чекор се реши за да ослободи простор во „селари кап“ за да го донесе Мајлс Тарнер од Индијана, кој оваа година играше во финалето на НБА лигата. Четиригодишниот договор со центарот на Индијана би имал вредност од 107 милиони долари.
Лилард во следните пет сезони ќе „заработува“ од Милвоки по 22 милиони долари, а многу веројатно е дека деветкратниот Ол стар играч ќе биде мета на многу екипи од НБА лигата.
Ново на Сител
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Преглед на вестите од светот
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
