Минчев: Државната управа мора да биде правно уреден, функционален систем каде секој орган ќе има јасно определена функција

Државната управа не може да биде збир на одделни индивидуални решенија создадени во различни околности. Таа мора да биде правно уреден, фунционален систем во кој секој орган ќе има јасно определена улога во остварувањето на јавниот интерес. Токму од таквото разбирање за државната управа произлегува потребата од Нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев.
Пред учесниците на денешната јавна расправа во Собранието, Минчев рече дека предложеното законско решение е подготвено преку инклузивен процес во кој се консултирани и експерти. Нацрт-законот е доставен на разгледување до надлежните институции и до координаторите на пратеничките групи.
-Неговата основна цел не е да воспостави нова административна конфигурација за потребите на определен политички момент, туку да ги унапреди и зацрвсти системските правила според кои се организира и функционира државната управа. Анализите на институционалната поставеност укажаа на потребата од поголема системска усогласеност, појасно разграничување на надлежностите и попрецизно утврдување на одговорноста во рамките на државната управа - рече Минчев.
Законот, според министерот, е заложба да се воспостави поцврста нормативна основа со почитување на нивната уставна положба и да се создадат појасни правила за функционирањето на државната управа.
Законот се темели на четири меѓусебно поврзани системски определби - воспоставување на функционална организација на државната управа, институционална стабилност на иннституциите, (предвидува периодично петгодишно испитување на функционланоста на државните органи), разгранучување меѓу политичката и професионалната одговорност во функционирањето на институциите и зајакнување на правната сигурност.
Законот има и европска димензија и е усогласен со чекорите од Реформската агенда, но како што кажа Минчев, се работи за решение кое е прилагодено на домашните услови.
-Европските држави не функционираат според единствен модел на организација на државна управа. Она што ги поврзува не е униформираноста на организациските решенија, туку почитување на заедничките принципи на правната држава и јасните надлежности, отчетноста и ефективното остварување на работата. Затоа нашата идеја не е да пресликуваме нечии функционални модели, туку да воспоставиме законско решение што истовремено ќе биде усогласено со европските приципи и правно кохерентно со уставниот поредок на Република Македонина - нагласи Минчев.
Денешната јавна расправа, според Минчев, е дополнителна можност предложените решенија да бидат разгледани. Нагласи дека Министерството останува отворено за сите правно издржани предлози за Нацрт законот.
Законот е се уште во Нацрт верзија и не е влезен во собраниска процедура. За неговото донесување потребно е двотретинско мнозинство во Собранието.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
