Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети дебарската Општа болница со проширена дејност, од каде го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата.
Тој беше и првиот „пациент“, а како што нагласи, ваков настан денеска се случува и во Делчево, кои се избрани денеска како пилот-проекти поради оддалеченоста од поголемите градови, но и недостигот на специјалисти од оваа медицинска гранка.
- Дебар како значаен град лично за мене, за Министерството и за нашата Влада е одбран поради две причини, прво, имаме недостиг на експерти дерматолози во Дебар имајќи предвид дека дерматолошките промени се во пораст во земјата и пошироко и, второ, дистанцијата што постои меѓу терцијалното здравство во Скопје и секундарното здравство во Дебар. Сметаме дека овој чекор и овој пилот-проект, за наша среќа, веќе резултира позитивно - рече Алиу.
Следната тримесечна фаза, додаде, ќе биде акредитација на институциите за телемедицина, што значи дека прва акредитирана установа ќе биде дебарската болница и сертифицирање на сите доктори и медицински сестри што ќе се занимаваат со телемедицина.
Најави дека од следната седмица во Дебар секој вторник ќе има теледерматологија и упати апел до сите граѓани да се јават во кабинетот доколку имаат потреба од дерматолошки преглед.
Задоволство од почетокот на овој пилот-проект искажа и директорот Мерсим Колеци.
- Убеден сум дека во блиска иднина кусокот на кадар што го имаме во некои специјалности ќе можеме да го прошириме со овој проект на телемедицина, со цел пациентите да може да добиваат што повеќе здравствени услуги во Дебар и да не патуваат во други градови - рече Колеци.
Градоначалникот Фисник Меље оцени дека ова е голем чекор за Дебар имајќи ја предвид оддалеченоста од клиниките.
- Ова е многу значаен чекор почнувајќи од пилот-проектот за дерматовенерологија. Голема благодарност до министерот Алиу што го избра Дебар. Се надевам дека ќе биде олеснување за сите граѓани од Дебар и поширокото подрачје,- рече тој.
Општата болница нуди здравствени услуги за граѓаните на општините Дебар, Центар Жупа и по потреба за оние од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
МИА
Ново на Сител
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
-

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
