Македонија
3. July 2025 - 18:22

Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. На средбата се разговараше за унапредување на политичката и економската соработка – како потврда на силното стратешко партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји.

Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка и поддршката на иницијативи насочени кон јакнење на трговијата и инвестициите, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Во разговорот беа разменети мислења и за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици. Беше потврдена заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан, силното партнерство во рамките на НАТО Алијансата, како и заложбите за унапредување на демократските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Министерот Муцунски ја потенцира решеноста на Владата за спроведување на клучните реформи и активниот придонес на државата во зачувување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко, стоти во соопштението од (МНРиНТ).