Министерот на средба со земјоделците во Струмица
Зголемените трошоци за производство и неизвесниот пласман поради случувањата во Украина се главните проблеми со кои се соочуваат струмичките земјоделци оваа сезона . За моменталната состојба во градинарскиот сектор тие го информираа и ресорниот министер од кого побараа поддршка во субвенции, но и помош во изнаоѓање на нови пазари.
Министерот Љупчо Николовски информираше дека состојбата се следи и се преземаат неопходните чекори. Веќе биле ангажирани сите нивни сектори, а преку МНР работат и на изнаоѓање на нови пазари за македонските производи.
Николовски потсети дека од вчера веќе е усвоена програмата за интервентниот фонд во земјоделство преку кој ќе бидат исплатени околу пет милиони евра наменети за интервентни мерки. Согласно последните цени на горивата усогласена била и методологијата за зелената нафта со која износот што ќе го добиваат земјоделците по хектар е зголемен за 13%. Најави дека владата донелаи одлука за обесштетување на земјоделците од 35 општини кои претрпеле штети во 2016, 2017, 2018 и 2021 со вкупен износ од 4, 2 милиони евра.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар