Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска во Центарот за обука на кадри од безбедноста на МВР во Идризово присуствуваше на отпочнувањето на процесот на полагање на теоретскиот дел од стручниот испит за ракување со оружје.
-Со измените на Законот за оружје овозможивме Министерството за внатрешни работи да го спроведе овој дел од стручниот испит со што апликантите си го остваруваат своето право на полагање, нешто што беше во прекин речиси две години и не можеше да се спроведе од овластено правно лице, истакнал министерот Тошковски.
Како што информираат од прес-службата на Министерството, практично, во наредните неколку недели согласно динамиката утврдена во рамки на активностите на надлежните служби во МВР, односно Одделот за граѓански работи над 1.000 лица ќе ги минат предвидените стручни тестирања.
Како што нагласил министерот Тошковски, со ова се заокружува еден процес на имплементација на најитните реформи од оваа област со кои беа засегнати повеќе страни и лица.
МИА
Ново на Сител
-
Поплавите во Пекинг однесоа 44 жртви
-
Изминатите три дена 1937 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 447 за брзо возење
-
Украина ги нарече „лага“ руските тврдења за заземање на Часов Јар
-
Просечната каматна стапка на депозитите на годишно ниво во јуни е 2,20%, а на кредитите 5,03%
-
МОН објави повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на ученици Роми во основните и средните училишта
-
Дебар: Мајка со нож го повредила својот син
-
Перински: Системски пристап при насочувањето на буџетските средства кон регионите и општините
-
Најмалку 48 загинаа додека чекаа ред за помош во Газа, стравувањата од масовно гладување растат