Министерство за економија: Во првите два дена 1400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување

На информативен ден за мерките од Оперативниот план за вработување што денеска се одржа во Струмица, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги повикал сите заинтересирани да аплицираат на некој од трите објавени јавни повици од мерката Поддршка за самовработување (претприемништво), со која се нуди висока финансиска поддршка, а во годинашните мерки посебен акцент е ставена на поддршката на младите лица.
-Со историски висок буџет за Оперативниот план, кој е зголемен за 7,5 милиони евра и годинава е во вредност од преку 40 милиони евра, како никогаш досега Владата дава поддршка за младите да започнат бизнис или преку практикантство и обуки да се стекнат со разни вештини со што би се зголемила нивната вработливост и тие би биле поконкурентни на пазарот на труд. Наша цел е да ги задржиме младите во Македонија, имаат пријател и партнер во Владата која ги поддржува, а најдобар доказ за тоа е овој Оперативен план, каде покрај бројните нови мерки наменети само за нив, во сите останати мерки е предвидено најмалку 40 отсто од средствата да бидат наменети за младите лица, истакнал Ристески.
Како што соопшти Министерството за економија, Весна Пешова, заменик-директор на Агенцијата за вработување, пред присутните говорела за постапките поврзани со аплицирањето за користење на некоја од мерките на Оперативниот план и ги повикала сите заинтересирани да аплицираат во некој од 30-те центри за вработување низ државата.
-Таа информира дека интересот за мерката самовработување (претприемништво) е голем и во првите два дена од објавата на огласите досега се доставени околу 1400 пријави, се наведува во соопштението.
Директорот за поддршка на претприемаштвото, Даниела Димовска, се осврнала за поддршката која ќе им биде дадена на сите лица кои ќе добијат средства од мерките, како што се стручното советување во креирањето на бизнис-план, како и обуките за претприемништво и менторството.
Министерството за економија информира дека јавните повици траат до 20 јуни, а во наредниот период ќе се објават јавни повици и за другите мерки од Оперативниот план.
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
