Министрите за одбрана го предупредија тетовскиот градоначалник да не подгрева меѓуетнички тензии за политички поени
Министрите за одбрана го предупредија тетовскиот градоначалник наместо да подгрева меѓутнички тензии за ситни политички поени да се занимава со локалните проблеми. Квази патриотизмот повеќе не поминува кај граѓаните. По жестоките реакции од политичките партии дека Општината донела решение за уривање на крстот, министрите порачаа да не се враќаме во минатото бидејќи така не се станува членка на ЕУ.
За темата со крстот на Попова Шапка, градоначалникот Касами ќе зборувал во петок на завршниот прес за годинава. Денеска одби да ги коментира обвинувањата од министрите.
Политичарите не запираат со меѓусебни обвинувања. Власта обвинува дека ова е смислено сценарио на БЕСА И ВМРО ДПМНЕ и бараат од нив да се повлечат од одлуката.
По одлуката на општината дека ќе се урива крстот во манастирот на Попова Шапка, жалба најавија од тетовско гостиварската епархија. Предупредија граѓаните да не наседнуваат на зачестените провокации и да се посветат на мирот и добрите меѓурелигиски односи.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
