Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни
После сериозните инвестиции во образованието, преку реформски закони, до инфраструктурни подобрувања и покачувања на платите, следува нова мерка во образованието која сега фокус става на науката. Конечно, со денешната одлука на Владата за усвојување на измената на Програмата за научно - истражувачка дејност за 2025 година за прв пат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни за сите државни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа, соопшти владината портпаролка Марија Митева.
Факултетите, научниците и младите, како што посочи Митева, ќе можат да ги користат овие реномирани научни бази бесплатно.
-Со ова, најпрестижните списанија и трудови стануваат достапни за сите. Министерството за образование и наука ја презема оваа одговорност и ќе го обезбеди пристапот. Ова отвара можност за конечен напредок и конкурентност во науката. додаде таа.
Владата на денешната 77 седница усвоила два клучни закони кои се дел од реформската агенда чиј рок за донесување е јуни 2025 година.
Митева појсани дека станува збор за Законот за електронски комуникации и Закон за безбедносни мрежи и информациски системи или поконкретно за прв пат се носи закон посветен на сајбер безбедноста. Ова, како што посочува таа, се два клучни реформски закони кои покажуваат дека Владата отвара ново поглавје во дигиталната трансформација на Македонија.
Ново на Сител
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?