Младинскиот ракометен тим на „Еурофарм Пелистер“ се пласира на финалниот турнир во Келн

Младинскиот ракометен клуб „Еурофарм Пелистер“ вечерва се пласира на финалниот турнир на европските ракометни шампиони што ќе се одржи во Келн каде ги очекуваат нивните врсници од ракометните гиганти Барселона, Веспрем и ГОГ Гудме.
Битолските ракометари успехот го постигнаа во Романија каде вчера и денеска ги совладаа младинските ракометни тимови на Кјелце од Полска и романскиот шампион Динамо.
Тимот предводен од Кире Митревски и Фарук Мемиќ, освен што го освои првото место на турнирот во Романија, доби и поединечни ракометни признанија, а со нив се стекнаа Алем Хаџиќ како најдобар играч и стрелец на турнирот, а меѓу најдобрите седум млади ракометари се и Леонид Лозановски и Јован Марковски.
Завршниот турнир на европските младински ракометни шампиони ќе се одржи на 14 и 15 јуни во Келн.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
