ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за економски раст на Македонија за 2026 година на 3,5% од претходно превидените 3,1%.
Во 2027 година, ММФ очекува македонската економија да забележи раст од 3.2%.
Од земјите во регинот, за Бугарија годинава е прогнозиран раст од 2.6 отсто, за Грција 1.8, Хрватска 2.2, Босна и Херцеговина 2.3, Црна Гора 3.0, Србија 3.2, а за Албанија и за Косово по 3.5 проценти.
Неодамна и Светската банка ја ревидира прогнозата за економски раст на Македонија за 2026 година од 2.9% на 3,2%.
Како главни двигатели на економскиот раст беа посочени инфраструктурните проекти. За 2027 и 2028 година, СБ превидува раст на македонската економија од 3,0%.
ММФ во отомврискиот извештај за глобалните економски движења благо ја зголеми прогнозата за растот на светската економија во 2026 година на 3,1 отсто, но предупреди дека растот ќе остане слаб, додека за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот оценката е дека ќе се шири како „бавно цунами“.
Фондот во јуни предвидуваше глобален раст од три отсто, додека светската економија во 2025 година оствари раст од 3,5 отсто.
Во најновиот извештај се наведува дека американската економија ќе бележи стабилен раст од 2,3 отсто и во 2026 и во 2027 година.
ММФ сега очекува цените на нафтата во текот на годинава да се зголемат за речиси 41 отсто, на просечно 96 долари за барел, што би ја зголемило глобалната инфлација на 4,7 отсто во 2026 година, од 4,1 отсто минатата година.
Ажурираната прогноза беше објавена во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок.
Во извештајот се наведува дека подемот на вештачката интелигенција ги ублажува негативните ефекти од значително повисоките цени на нафтата и гасот, но придобивките не се рамномерно распределени.
Прогнозите се засноваат врз претпоставката дека испораките на нафта и гас преку Ормуската Теснина ќе бидат обновени до март и дека побарувачката поврзана со вештачката интелигенција умерено ќе се намали.
МИА
Ново на Сител
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
