МНРиНТ: Македонските граѓани, кои се во Иран, да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања кои не се неопходни

Поради влошената безбедносна состојба во Исламската Република Иран, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани, кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат земјата при првите можни и безбедни услови.
Истовремено, апелира и да се одложат сите патувања во Иран, кои не се неопходни.
Како што информираат од Министеството, веќе се ставени на располагање негови капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија преку 24-часовниот СОС-дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk , како и преку дежурниот телефонски број на дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
МИА
Ново на Сител
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
-

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ
-

Скопје одбројува до Новата година
