Македонија
7. July 2025 - 12:21

Модерен систем за управување со администрацијата

Министерството за јавна администрација денеска организира презентација на нов модерен информациски систем за управување со човечки ресурси.

Целта на новиот информациски систем е да ја унапреди ефикасноста во управувањето со човечките ресурси, а со тоа и квалитетот на работата на институциите во јавниот сектор, објасни денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев.