МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
Поголема видливост во светската наука и подобрување на незавидните позиции на меѓународните ранг листи. Ова е главниот бенефит што македонските универзитети и истражувачи ќе го добијат преку проектот за паметна специјализација во соработка со Австрија.
МОН ќе финансира 14 заеднички проекти кои освен што треба да ги доближат македонските универзитети до светските стандарди, ќе понудат и конкретни решенија за секојдневниот живот. Како да се градат енергетски ефикасни куќи и згради кои ќе трошат минимално струја и ќе ја штитат животната средина е само еден од избраните проекти на кои ќе работат.
По 600 илјади денари ќе бидат одвоени од државниот буџет за секој проект одделно. Од вкупниот број одобрени проекти, 6 се од инженерство и технологија, 5 прирорно математички науки, два од земјоделство и еден од општествените науки.
Договорите за финансирање се веќе потпишани, а покрај УКИМ, во проектите со свои истражувачи ќе учествуваат и УГД Штип, Меѓународниот балкански универзитет, како и приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
