МОН: Успешна учебна година на учениците и наставниците
Министерството за образование и наука (МОН) на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година.
- Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели. Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат истрајни во справувањето со предизвиците и на нив да гледаат како нови можности за лична надградба и просперитет, се вели во соопштението.
Од МОН до наставниците и сите вработени во училиштата изразуваат благодарност и почит.
- Тие се столбот на образованието и заедно со родителите/старателите треба да продолжат да им го трасираат патот кон успехот на новите генерации. Министерството за образование и наука и натаму ќе се заложува за квалитетно, современо и инклузивно образование за сите. Потребна е соработка и поддршка. Повикуваме на обединетост во градењето на училишта исполнети со знаење и почит, во градењето на средина во која младите ќе сакаат да останат и да го вложат својот потенцијал. Среќно на сите!, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник