Македонија
1. March 2022 - 21:16

Може ли предлогот за кандидатски статус на Украина да го забрза процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан?

Македонија не треба да се надева на брзо зачленување во Европската унија поради кандидатскиот статус за Украина. Сепак, нејзината апликација, може да ја предизвика поголема дебата околу проширувањето на унијата.

Од Институтот за европски политики, велат, на тој начин, Унијата се навраќа на принципот на проширување кој е подзаборавен.

Според Кацарска, војната во Украина која е во фокусот на ЕУ лидерите, нема да влијае врз евроинтеграциајта на земјава. Пред државата се уште стоеле домашните задачи и блокадите за добивањето датум за почеток на преговори.

Според експертите, прифаќањето на апликација за членство во ЕУ има симболично значење, а проширувањето е тешко прашање за европскиот совет.

Инаку доцна попладнево Европскиот парламент предложи Украина да добие кандидатски статус за членство во ЕУ. Зад одлуката застаа 637 европратеници, а зеленото светло за евроинтеграција следи откако украинскиот претседател испрати барање Украина да се приклучи кон европската унија.