Можно евакуирање на населението во реонот на пожарот во Визбегово
Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи.
По барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен.
Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон.
Во моментов се интервенира од страна на екипи на БППЗ на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени