Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска ќе престојува во Дејтон, Охајо, во САД, по повод одбележувањето на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.
Како што информираа од МНРНТ, посетата е на покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер.
Министерот Муцунски ќе присуствува и на работна вечера организирана за лидерите од регионот и високи гости, посветена на темите поврзани со мирот и стабилноста на Западен Балкан.
Во рамки на настанот ќе се дискутира за напредокот на земјите од регионот, предизвиците со кои се соочуваат, како и за потребата од обновен меѓународен фокус кон мирот, безбедноста и просперитетот на Балканот.
Посебен акцент ќе биде ставен на значењето на Дејтонскиот договор за мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и пошироко.
За време на престојот, министерот Муцунски ќе учествува и на два настани од официјалната програма - панел-дискусија посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан и на пленарната седница со која ќе биде затворен настанот.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски