Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер

Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ја предводи високата владина делегација на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД којашто се одржува денеска во Вашингтон.
-Денеска во Вашингтон ја предводам делегацијата која учествува на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која ја отворивме заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник на Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот. Овој дијалог претставува важен формат за унапредување на билатералната соработка и потврда за силното сојузништво и стратешко партнерство, напиша Муцунски на Фејсбук.
Тој наведува дека фокусот на разговорите е ставен на клучни области, вклучително глобалните и регионалните прашања, одбраната и безбедноста, енергетиката и економската соработка, сајбер и дигиталната безбедност, како и зајакнувањето на граничната безбедност и справувањето со транснационалните закани.
-Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува потврда за заедничката определба за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот, како и за натамошно зајакнување на трансатлантските врски. Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер, со јасна посветеност кон заедничките вредности и стабилноста на регионот, стои во објавата на Муцунски.
МИА
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
