Македонија
26. January 2026 - 15:53

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи информира за сообраќајните прекршоци што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и за глобите за разни видови прекршоци: 

Пречекорување на брзината на движење во населено место (дозволена брзина до 50 km на час, по исклучок до 70 km на час со знак): 

до 10 km на час над дозволеното - 15 евра

од 10 до 30 km на час над дозволеното - 50 евра 

од 30 до 50 km на час над дозволеното - 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци

 

Пречекорување на брзината надвор од населено место (130 km на час на автопат • 110 km на час на пат за моторни возила • 90 km на час на други патишта)

до 30 km на час над дозволеното - 20 евра

од 30 до 50 km на час  над дозволеното - 50 евра

од 50 до 70 km на час над дозволеното - 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци

 

Поминување на црвено светло: 

Глобата е 250 евра

Забрана за управување од три до 12 месеци

 

Непрописно запирање и паркирање (пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации): 

Во зависност од видот и тежината на прекршокот глобите се од 25, 40,150 и 180 евра

 

Учество во сообраќај со нерегистрирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици):

Глобата е 500 евра

 

Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена, глобата е 100 евра

Намалување на износот на глобите:

Ако плаќањето е во рок од осум дена, се плаќа 50 проценти од глобата

Ако има и забрана за управување, се изрекува во половина од пропишаниот рок

 

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите заради поголема лична и општа безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи.

 

МИА