МВР и КСЗД ја унпредуваат соработката

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со директорот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) Лимко Бејзароски. На средбата разговарале за зацврстување на меѓуинституционалната соработка.
Во рамки на средбата се разговарало за имплементацијата на веќе потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството и Комисијата, со акцент на унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на механизмите за остварување и заштита на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата.
-Ценам дека потребата од подигнување на соработката на едно повисоко ниво секако ќе даде резултати во насока на поголема заштита на човековите права и равата на работниците како во рамки на министерствоот за внатешни работи така и во сите организациони единици во државата каде што секако воспоставување на еднаков третман за сите, еднаква римена на законите и заштита на праата на вработените во јавниот скетор ите како ќе придонесе во насока на остваурвање на сите оние демократски вредности во државата кои с еобидуваме да ги постигнеме, изјави министерот Тошковски.
Претседателот на Комисијата, Лимко Бејзароски оцени дека меѓуинституционалната соработка е многу важна, посочи дека на средбата се разгоарало за унапредување на сектори во кои имаат заедничка улога за да се подобри општеството во неколку сфери.
-И тоа во сферата на еднаквите права и слободи, постапувањето односно на спроведување на законите од страна на државните инситуции и остаруање на правата во делот на барање на рана заштита, сите овие атрибути го прават нашето општество демократско, слободно и оштество каде граѓаните ќе се чувствуваат слободни во остварување на нивните права, тоа наш императив и заложба и уште еднаш ќе потврдам дека денешната посета на министерот е импулт повеќе во остварување на нашата цел и законска андлежност, а тоа е да ги гарантира правата на граѓаните, изјави Бејзароски.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
