МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава

СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар, соопштува МВР.
Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди.
П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка.
Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М.(18) и Д.П.(18) двајцата од Скопје.
Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство.
Ново на Сител
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
