МВР: Саит Саитов уапсен во Белград
Во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, соопшти МВР.
Како што информираат од Министерството, на 11.02.2026 година надлежните служби во Србија го лоцирале и привеле Саитов, кој се сомничи за сторени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Кривично-правниот настан се случил на 09.01.2026 година во Скопје, кога осомничениот наводно прегазил жена и го напуштил местото на несреќата.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор, а во наредниот период ќе следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Северна Македонија и изведување пред надлежните судски органи.
Ново на Сител
-

ЗНАМ до Филипче: Проверете си ја лојалноста во СДСМ
-

Изменет законот за високо образование
-

ИВЗ домаќин на десетиот Самит на верските лидери од Балканот
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
