Македонија
27. January 2024 - 16:25

МВР трага по 10мина од картелот „Грчец“, опозицијата обвинува дека власта ги штити

МВР се уште трага по 10 лица од криминалната група од Грчец која организирала, планирала убиства и продавале дрога.  Петмина осомничени добија притвор. Шакир Бајрами, Фадил Бајрамовски, Неџати Исени, Фати Сулејмановски и Севдал Азири добија 30 дневен притвор и се во истражниот затвор Шутка. На шестиот осомничен му е одземен пасошот. По лидерот на ова криминална група се трага, тој според информациите е со години надвор од државата. Сите 10 лица кои се недостапни за истрагата добија 30 дневен притвор. Опозицијата објави фотографии на кои дел од лицата по кои се трага се сликани со врвот на државата. ВМРО ДПМНЕ се сомневаат дека власта им дојавила на 10мината да ја напуштат државата.

Шеваљ Муареми кој сега сe наоѓа во бегство, а кој е првоосомничен може да се забележи во друштво со Талат Џафери, човекот кој треба да биде технички премиер.Починатиот Орхан Бајрами Оки кој исто така според објавеното во медиумите бил дел од групата што беше во друштво на Пендаровски.Оливер Спасовски, кој чекаше последен ден да спроведе акција која требаше да ја направи пред 6 години, седеше по кафеани со истите лица.

Министерот Спасовски смета дека успешно се борат со криминалот и корупцијата а за тоа доказ е и последната акција. Спасовски во интервју дадено на заминување од функцијата министер на МВР  вели дека 2023 година ја завршиле како година со 8% намалување на вкупниот криминалитет во споредба со 2022та.

Инаку на списокот за ликвидација на групата од Грчец биле полицајци, судии, тие го извршиле двојното убиство во 2021 година во Топанско поле, убиството на албански државјанин чие тело беше пронајдено во 2020 година на Матка, како и обидот за убиство на лице од с.Бардовци.

Поврзани се со шверц и продавање на дрога од Јужна Америка.

Шверцувале дрога од Боливија, Перу, Бразил, Колумбија, а со парите од нелегалните активности, граделе луксузни куќи и угостителски објекти.