-->
-->
МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-->

Досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Во соопштението се нагласува дека оваа информација е потврдена и од директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, како и од одговорни лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје - Скопје.
Од Министерството нагласија дека се продолжува со активно следење на состојбата и најавија дека навремено ќе се информира за сите релевантни податоци.
- Апелираме за точно, вистинито и објективно информирање, како и проверка на сите факти пред објавување информации, што ја засегаат јавноста - потенцираа од Министерството за здравство.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
