На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ

Утринава по кратко боледување на 75 годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ.
Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на семејството.
Изминатите неколку месеци ДраганБ. Костиќ ја биеше својата најголема животна битка од која за жал не излезе како победник.
Човекот кој илјадници часови и пет децении зад радиомикрофонот ја забавуваше, информираше и едуцираше својата многубројна публика.
Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите. Меѓутоа тој беше најпознат како водител од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“
Тој остана еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, нивните песни, светските топ листи и сопственик на една од најголемите колекции плочи.
Ново на Сител
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
-

Учениците од денеска на зимски распуст
-

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-

Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови
-

Сончево и студено
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
