На аеродромот во Атина запленети над 1,6 милиони парчиња цигари

Вкупно 1.680.000 парчиња цигари, односно 8.400 штеки, за кои не биле платени царини и даноци во вредност од над 340 илјади евра, содржела пратката од Дубаи откриена на атинскиот аеродромот „Елефтериос Венизелос“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопштија дека станува збор за една од најголемите количини цигари без царина и даноци, што некогаш биле откриени во земјата, а во тек е прелиминарна истрага за да се идентификува примачот на пратката.
- Во рамките на насочените контроли, во магацин за привремено складирање, инспекторите откриле 169 картонски кутии, кои пристигнале од Дубаи. При физичката проверка било утврдено дека содржат 8.400 штеки цигари, односно вкупно 1.680.000 парчиња, за кои не биле платени предвидените царини и даноци, соопштија од ААДЕ.
Додадоа дека вкупниот износ на избегнатите царини и даноци изнесува 341.342,26 евра.
МИА
Ново на Сител
-

Средношколците од Струмица ќе ги обновуваат клупите во градскиот парк
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
