На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство

По предлог на Основното јавно обвинителство Кочани донесено е решение на И.М., обвинета за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи, информира Јавното обвинителство.
Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот.
Ива Михаилова заедно со нејзиниот бугарски адвокат на нелегален начин ја напушти државава на почетокот на месецов и е во Бугарија. Таа има двојно државјанство - македонско и бугарско и бугарските власти најавија дека нема да ја спроведат во Македонија иако против неа е издадена потерница. Михаилова лани направи сообраќајна несреќа со смртни последици на експресниот пат Кочани - Штип за што и се суди во Кочанскиот суд.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
