На денешен ден е роден Тоше Проески

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески - музичар, миленик на бројни генерации. Музичката кариера ја започнал со настапот на „Мелфест“ во 1997 година.
Патот кон ѕвездите му го отвориле песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој бил претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освоил 14-то место. Во 2004 година, Проески бил именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издал песната „За овој свет“. Ги објавил албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007).
Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓале на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце не е камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други. Тоше ги привршувал студиите на Музичката академија во Скопје и работел на музичката кариера во светски рамки.
Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот бил хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.
Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Постхумно Владата на Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата, а во Крушево во негова чест е изграден меморијален центар што го носи неговото име.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
