На кого му веруваат младите?
Дали говорот на американскиот претседател Џо Бајден е реален или монтажа, дали познатиот артист ќе прави концерт во Скопје или е фејк њуз која се шири на инстаграм, како да ги препознаат дезинформациите и колку често се случува несвесно да ја прошират лажната вест со своите пријатели- средношколците во гимназијата Јосип Броз Тито, еднаш неделно имаат часови по медиумска писменост и борба со дезинформациите со професорката Емилија.
Инстаграм и Тикток се местата каде што младите најчесто дознаваат што се случува во Македонија и светот. Најголемиот дел од лажните вести сметаат дека ги шират јавните личности, па пејачката Кејти Пери не била на мет галата и дознале дека нејзината фотографија е направена со вештачка интелигенција.
Често знаат и да се излажат со некоја дезинформација, па и да ја споделат со пријателите. Телевизија ретко гледаат, ама се редовни на социјалните мрежи, но и свесни дека таму се пласирани во најголем број дезинформациите.
Емилија е една од најдобрите ученици во работилниците во борбата со дезинформациите, па успеала и да добие пракса во медиум.
Младите луѓе за себе мислат дека се успешни во препознавањето на дезинформациите, покажува анализата која ја спроведе Институтот за комуникациски студии. Најголемиот дел од нив, многу ретко отвораат социјални мрежи за намерно да дознаат некоја информација, па дури скролаат на инстаграм, фејсбук и тикток дознааваат што се случува во светот. Најмалку им веруваат на политичарите.
Од институтот за комуникациски студии повеќе од 10 години работат со средношколците преку организирање работилници за справувањето со дезинформациите, борбата со лажните вести, креирање новинарски продукти.
Прилогот е подготвен во соработка со Институтот за комуникациски студии и емитуван во рамки на магазинот Детектор.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар