Македонија
14. August 2025 - 13:28

На пешачки премин удрено 9-годишно девојче

На 13.08.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на  ул.„Аугуст Цесарец“ во Скопје, патничко возило „рено твинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(21) од Скопје удрило деветгодишно девојче-пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.