На Попова Шапка утрово најстудено -4 и снежна покривка од 33 сантиметри

Најниската измерена температура утрово била на Попова Шапка. Снежната покривка изнесувала 33 сантиметри, информираат од УХМР.
Измерени биле -4 Целзиусови степени на Попова Шапка, -3 - Kрушево, -2 - Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 - Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци, 0 - Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија.
Снежната покривка до седум часот изутринава изнесувала 33 сантиметри на Попова Шапка, 15 - Маврови Анови, 13 - Битола, 8 - Ѓуриште, 7 - Крушево, 5 - Тетово, Штип, 2 - Берово, Претор, Струмица, 1 - Виница, Крива Паланка.
Најмногу дожд изминатите 24 часа имало во Гевгелија. Според податоците на УХМР, 14 литри на квадратен метар во Гевгелија, 8 - Струмица, Ѓуриште, 7 - Маврови Анови, 6 - Битола, Берово, 4 - Скопје- Петровец, Пожаране, Штип, Претор, Виница, 3 - Тетово, 2 - Крушево, Крива Паланка, 1 - Велес, Охрид, Скопје -Зајчев Рид, Тополчани.
Според синоптичарите, денеска ќе биде малку потопло во споредба со вчера. Претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Претпладне ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени Целзиусови.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
-

Утврдени кандидатите за новата ДИК
-

Минчев најавува реформи во државната служба - нема веќе доживотни и недопирливи функции
-

Мицкоски од Давос: Инвестиција од 100 милиони евра во развој на трет мобилен оператор
