На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
На граничниот премин „Ќафасан", на албанско-македонската граница кај Струга, при влез на територија на Албанија е уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница.
-Приведен е Алија Арслан (34), жител на Кичево, Северна Македонија, кој е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога. Од проверките спроведени во соработка со Интерпол Тирана, произлезе дека лицето било барано со меѓународна потерница издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, врз основа на наредба на Јавното обвинителство на кантонот Аргау, стои во соопштението на државната полиција на Албанија.
Се додава дека 34-годишникот е осуден на 20 години затвор за кривични дела поврзани со меѓународна трговија со дрога, како што е предвидено во член 19 од Законот за наркотици и психотропни супстанции од швајцарскиот Кривичен законик.
Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Берн/Швајцарија, ги презема потребните активности за негова екстрадиција во Швајцарија.
-Ова апсење е уште еден чекор во борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога, што ја демонстрира посветеноста на органите за спроведување на законот кон меѓународната соработка и гарантирањето на безбедноста на албанските граници, се нагласува во соопштението на државната полиција на Албанија,
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото