На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти

Околу 110.000 луѓе протестираа денеска во Париз барајќи поголема куповна моќ, соопшти полицијата, додавајќи дека ситуацијата е мирна во главниот град на Франција.
Протестот, кој почна околу 14 часот во јужниот дел на Париз, стигна до својата дестинација во источниот дел на градот во 17 часот, соопшти полицијата на социјалните медиуми.
Француските безбедносни сили извршија денеска 135 апсења, при што околу 35.000 луѓе се преброени на јавни места, за време на уште еден ден протести, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.
Досега не се регистрирани сериозни инциденти.
Голем дел од овие апсења се поврзани со проверки на групи луѓе кои поминуваат и откривање на предмети наменети да се користат како оружје, рече министерот.
Протестите се одржаа под силно полициско обезбедување.
МИА
Ново на Сител
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
-

Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за селекцијата на отпад
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
