На вториот работен ден во новата година ќе се суди за „Титаник 2“
„Титаник 2“ прв се враќа во судница во новата година.. Мијалков, Тачи, Ибраими и поранешни членови на Државата изборна комисија, утре ќе се соочат со обвинението за сторени злоупотреби за време на избори.. На сите им се суди по вторпат откако Апелација пред две години им ги укина затворски казни..
Во меѓувреме ново судење треба да има и случајот Таргет-Тврдина.. Минатиот месец, Апелациониот суд, ги укина пресудите со затворски казни, ама немаше објаснување, зошто за таквата одлука му била потребна една година.. Причините, сега ги истражува Судскиот совет.. Вонредниот надзор заврши, но се чекале и дополнителни инфомрации од петтемина апелациони судии.. Конечниот извештај се очекува до крајот на следната недела, по што Судски ќе објави зошто предметот за масовно прислушување се работел скоро 13 месеци..
По лупа на Судски се најде и предметот „Транспортер“ за кој речиси година и пол се чека пресудата од Апелација.. Во меѓувреме, судот ја објави одлуката.. Се намалуваат затворските казни за Талески и Бончановски, а на останатите, затворските им се заменуваат со условни.. Пресудата ја донеле во април, а ја објавија на последниот работен ден во 2022.. За експертската јавност, одлуката е спорна..
„Останува нејасно како судот и со првостепената, а потоа и со второстепената пресуда, успеал да изрече алтернативна мерка- условна осуда, со оглед на фактот што кривичното дело што им се става на товар на обвинетите е злоупотреба на службената положба, за кое предвидена е казна затвор од најмалку 5 години“, Коалиција Сите за правично судење.
Судењата за екс генералните секретари на владата, продолжуваат на крајот од овој и почетокот на идниот месец.. Им суди ист судија, а со него прв ќе се соочи Зекири, по четири дена и Рашковски..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
