Над 100.000 гости на штипската ,,Пастрамалијада"
Штип синоќа беше центарот на регионот и вистински главен град на културата и забавата. Над 100.000 посетители од цела Македонија и пошироко присуствуваа на незаборавниот концерт на балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, кој со својот настап ја обедини публиката во љубов, почит и заедништво, без разлика на вера или нација, информираат пд Општина Штип.
- Настанот, кој се одржа по повод 17. издание на традиционалната „Пастрмалијада", беше организиран на највисоко ниво, со беспрекорна логистика, безбедност и организација, што овозможи вечерта да помине во совршен ред и атмосфера. Особено значење има и фактот што во реализацијата активно се вклучија бројни фирми од приватниот сектор, угостителите од Штип, како и партнерски угостители од други градови во Македонија, кои со својата поддршка придонесоа за овој настан да биде успешен и запаметен, се вели во соопштението од Општина Штип.
Во него се наведува дека присуството и настапот на Дино Мерлин претставуваат посебна чест за Штип. Со својата уникатна музичка енергија и децениска кариера, тој одамна ја надмина рамката на изведувач и стана симбол на културно поврзување меѓу генерации и народи. Неговото присуство во Штип е доказ дека градот може да биде домаќин на настани од највисок ранг, кои носат нова вредност и препознатливост на целата држава.
- Ваквите манифестации претставуваат значајна придобивка за Штип, не само во културна и забавна смисла, туку и од аспект на економскиот импакт, преку големиот број гости, зголемената угостителска активност и промоцијата на градот како отворен и модерен центар на случувања, велат од Општина Штип.
Општина Штип изразува искрена благодарност до сите посетители, до поддржувачите и до сите што беа дел од организацијата, а особено до Дино Мерлин, кој со својот настап направи Штип да биде главниот центар на Балканот и испиша историја во колективното паметење на нашиот град.
МИА
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ја почна посетата во САД со обраќање за 30 години од Четвртата светска конференција за жените
-
Одржана комеморација за Кирк: Трамп го нарече маченик за слободата
-
Земјотрес почувствуван во Македонија
-
Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина
-
Нетанјаху: Палестинска држава нема да има западно од Јордан
-
Марко Ѓуриќ: Изјавата на босанскиот министер за одбрана не придонесува за стабилност во регионот
-
Наутро свежо, преку ден топло
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО