Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул

Во Истанбул, 151 лице се лекуваат поради повредите по денешните земјотреси, напиша канцеларијата на гувернерот на „X“.
Тие „скокнаа од височина во паника“, напиша канцеларијата, додавајќи дека никој не е во животна опасност.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, исто така на „Х“, напиша дека во моментов нема информации за жртви.
Засега не е забележана значителна материјална штета. Градот од пладне постојано го тресеа потреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека сите државни институции се во состојба на готовност и будно ја следат состојбата.
Тимовите за итни случаи ја проценуваат ситуацијата на терен „со најголема грижа“, додаде тој. „Фала му на Бога, во моментов нема критична ситуација, рече Ердоган.
Ново на Сител
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
